Хаосот предизвикан од недостиг на лични документи, според експертите се должи на лошото управување со МВР

0
22

Недостатокот на образци за пасоши со новото уставно име е дополнителна причина зошто овие заостанувања се создадоа последниве денови во полициската администрација, вели пензионираниот началник во полицијата, Воислав Зафировски. Според него, недостатокот на сектор за стратешко планирање и развој на полицијата, на долг рок доведе до создавање хаос и долги редици на шалтерите за добивање патни исправи.

Дебатата за ова прашање доби интензитет во Собрание на седницата за прашања на пратениците. Опозициската ВМРО ДПМНЕ го обвини шефот на Министерството, Спасовски, за хаосот.

 

Во својот одговор министерот Спасовски призна дека имало лошо планирање. Тој побара од граѓаните разбирање и вели дека до понеделник ќе започнат да ги добиваат веќе издадените пасоши. Во меѓувреме, очекувањата се дека со новото уставно име, личните и патните исправи ќе бидат издадени од почетокот на јули.

Според Договорот од Преспа, сите лични документи мора да се променат во рок од пет години од влегувањето во сила на договорот со Грција. Според Министерството за внатрешни работи, до 14 февруари 2024 година мора да се направат околу пет милиони фотографии за сите граѓани кои мора да набават пасоши, лични карти и возачки дозволи со новото име на државата. Дури и граѓаните кои штотуку ги добиле документите со старото име, ќе бидат обврзани повторно да ги променат истите документи во рок од две години поради новото име.