ХОРОР ВО КОПЕНХАГЕН: ЕРИКСЕН КОЛАБИРАШЕ НА ТЕРЕНОТ, ЛЕКАРИТЕ СЕ БОРАТ ЗА НЕГОВИОТ ЖИВОТ

0
50

Првото полувреме од мечот меѓу Данска и Финска ги стаписа и шокираше сите присутни на стадионот во Копенхаген, бидејќи пред крајот на првиот дел, Кристијан Ериксен падна на тревникот без никаков контакт и колабираше на теренот.

Најголемата ѕвезда на Данска ги фрли во неверица и ги расплака сите свои соиграчи кои го обиколија за да не се гледаат ужасните сцени, а во истите моменти, медицинските лица и лекарите го интубираа и се обидуваа да го вратат во живот.

Поради страшните сцени, натпреварот беше експресно прекинат и играчите на Финска се повлекоа во соблекувалната, додека сите останати се молат за неговиот живот.

Лекарите повеќе од 10 минути се обидуваат да го вратат во живот, а сите искрени фудбалски фанови се надеваат дека Ериксен ќе може да застане на свои нозе по овој непријатен шок.