ЦАРОВСКА: НЕ Е САМО УЧЕБНИКОТ ИЗВОР НА ЗНАЕЊЕ

0
16

Целиот процес на унапредување на основното образование се води согласно Законот за основно образование, што предвидува концепција за основно образование и ги содржи сите потребни елементи за да може понатаму да се спроведува планот за подобрување на основно образование, вели министерката за образование Мила Царовска.

-Тоа што ние сме научени учебникот да биде единствен извор на информација и знаење е голем проблем за досегашниот образовен систем. Новата концепција предвидува дека истиот тој материјал е еден извор, но истиот треба да се поврзе со други извори, мултимедијални содржини за да знаењето не биде само фактографско помнење на фактите до вчера, а утре веќе не ги знаете, напротив треба да ги поврзе со целиот систем на живеење и постоење на ученикот за да можат да бидат запомнети и искористени понатаму во следните нивоа на образование – рече Царовска на ТВ 24.

Наставните програми за прво и четврто одделение се подготвени и, додаде таа, ќе започнат да се имплементираат од септември.