ЦИПРАС: СО ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ЈА СПРЕЧИВМЕ ЕКСПАНЗИЈАТА НА ТУРЦИЈА

0
27

Доколку не постоеше Преспанскиот договор на нашата северна граница ќе имавме ситуација како таа во Либија – вели во интервју за грчката регионална телевизија СТАР поранешниот премиер Алексис Ципрас.

Со договорот како што вели тој било спречено турското присуство во регионот и додава дека на тој начин бил донесен мир и стабилност за сите. Според него, дури и оние што биле критични кон договорот во неговата земја, со текот на времето ги гледаат придобивките што ги има за Грција.

-Не е само тоа што донесовме решение кое обезбедува мир и стабилност во регионот, дека донесовме решение создавајќи сојузник на нашата северна граници, туку е и тоа што ја спречивме експанзијата на Турција во регионот. Тоа е многу е важно. Што има денес да им каже господинот Мицотакис на сите оние со кои беше рака под рака и ги мобилизираше, велејќи им дека е предавнички договор, кога сега се придржува и го почитува договорот? ,вели Алексис Ципрас – Поранешен премиер на Грција.

Поранешниот грчки премиер на1 и 2 јули ќе биде дел и од меѓународната конференција под име Преспа форум дијалог која е предвидено да се одржи во Охрид и Преспа. Покрај него се очекува и присуство на четириесетина високи функционери од Европа и САД, меѓу нив медијаторот за спорот Метју Нимиц, Еврокомесарот Јоханес Хан, како и поранешната висока претставничка Федерика Могерини. Дополнително најавено е присуство на Филип Рикер, Метју Палмер, како и премиерите на земјите од регионот.

Извор Канал5