Четворица загинаа и двајца се повредени во пресметка за лежалки на плажа во Албанија

0
45

Во оружен инцидент на плажа во Велипоја, на северот на Албанија, загинаа четворица, а двајца се ранети.

Причина за вооружениот конфликт кој се случил нешто по полноќ била поделбата на сопственоста над местото каде што се поставуваат лежалките на плажата измеѓу два хотели, оддалечени 50 метри еден од друг.

Директорот на скадарската полиција, Нико Брахимај, во изјава за медиумите рече дека во конфликтот се користеле повеќе оружја, а полицијата запленила еден пиштол како материјален доказ. Од местото на инцидентот биле запленети поголем број камери, иако како што наведе условите за видео се ограничени поради темнината.

Жртвите се на возраст меѓу 20 и 59 години. За двајцата ранети, пак, се верува дека исто така учествувале во конфликтот.

Албанските медиуми оценуваат дека ваквиот настан не само што го шокирал локалното население, туку негативно ќе влијае на туристичкиот имиџ на Албанија.