Шилегов за утре најави уривање на галијата кај „Холидеј ин“

0
49

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска изјави дека утре се очекува да продолжи дислоцирањето на галијата кај „Холидеј Ин”.
Уривањето на галијата „Сидро” во Вардар пред месец и половина беше стопирано поради времена мерка од судот по тужбата на сопственикот. Сега времената мерака е укината, а соопственикот, бугарски државјанин, најави дека ќе продолжи со своите судски постапки. Шилегов вели дека лично пред судот ќе го застапува Градот.

 

Градоначалникот Шилегов вели внимателно се водени сите постапки и дека лично ќе го застапува Градот пред судот, наведувајќи дека условите за отстранување на галијата се исполнети, меѓу другото и зашто сопственикот доцни со исплата на кирии.

Неодамна Шилегов изјави и дека галиите во Вардар не само што не претставуваат естетика за Скопје, туку и дека според стручните анализи, меѓу кои и на УНДП, претставуваат сериозна опасност од поплави кои може да нанесат сериозна материјална штета и да ги загрозат животите на скопјани”.

Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014″ на владата на Никола Груевски, вреден околу 700 милиони евра. Со измена на Деталниот урбанистички план за Мал Ринг, во коритото на Вардар беа вцртани маркички за шест сплавови.

Мкд.мк