ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ПРЕСЕЧЕ: НА САШО МИЈАЛКОВ НЕ МУ Е УТВРДЕНА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА БЕГСТВО

0
20

Екс-директорот на УБК – Сашо Мијалков нема да се гони за кривично дело поради неговата недостапност – односно бегство. Обвинителство констатира дека нема основ за јавнообвинителска одлука од причина што не е  утврдено постоење на кривично дело што се гони по службена должност.

Во обемниот допис до медиумите се објаснува дека била спроведена предистражна постапка – обезбедени биле видео снимки и телефонски разговори за 54 телефонски броеви. Сослушани биле 37 лица, меѓу кои министрите за правда и внатрешни работи, директорите на АНБ и БЈБ, премиерот, јавниот обвинител, јавната обвинителка Русковска, претседателот на скопскиот Основен суд, извршени биле и полициски разговори со дополнителни 20 лица

Единствена слабост која јавниот обвинител ја утврдил за време на истрагата е недостакот на меѓу институционална комуникација.

Во текот на предистражната постапка, јавниот обвинител констатира слабости во меѓу институционалната и интерната комуникација на надлежните институции, но во оваа насока, јавниот обвинител смета дека ваквите дејствија немаат кривично-правна импликација од причина што недостасува кривично-правна последица. Имено, иако обвинетиот бил недостапен на органите за прогон, сепак самиот доброволно се пријавил. Со тоа отпаднал кривично правниот елемент на кривичните дела Злоупотреба на службената положба и овластување или Несовесно работење во службата, а тоа е прибавувањето на некаква корист за друг или нанесувањето на штета.

Непосредно пред да ја чуе пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ Мијалков не беше достапен за јавноста 2 дена, а и самиот тврдеше дека не избегал туку бил во изолација.