Јанушев: Единствено зелено во оваа Влада помеѓу СДСМ и ДУИ е зелената боја на еврата

0
15

Единствено зелено што гледам во некоја конотација во однос на зелената боја помеѓу СДСМ и ДУИ, е зелената боја на еврата, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето гостување во централниот Дневник на Сител телевизија.

Тој додаде и дека тоа што денеска го најави Ахмети во овој период е всушност дефокус на јавноста од вистинските проблеми со кои се соочува државата.

„Тоа е најдобриот пример како да се долови поентата кога некој најавува нешто такво, што е добар дефокус за јавноста кога излегува со една таква тема. Она што го видовме во последните неколку години, покрај интересот за еврата, парите, криминалот и корупцијата, единствено зелено предводено од оваа Влада се лагите кои што ги пласираа на оваа тема, во однос на заштитата на животната средина и екологијата“, рече Јанушев.

Тој додаде дека после шестнаесет години, колку што со Министерството за животна средина во континуитет раководат кадри на ДУИ, да излезеш и да твдриш дека во фокус на својата партија ја ставаш зелената агенада, нема никаква логика, и тие две работи не одат во иста реченица.

Јанушев потенцираше дека на Македонија не и требаат документи и платформи со фокус за заштита на животната средина, затоа што таа веќе има такви документи и конвенции со кои како држава учествува на највисокото светско ниво во оваа проблематика. На Македонија и треба имплементација на овие документи, констатираше тој.

Јанушев, откри дека ВМРО-ДПМНЕ на овие престојни локлни избори ќе излезе со одлична понуда за граѓаните, во кои како и во досегашните изборни кампањи, така и во оваа ќе понуди одлични решенија и за оваа проблематика во интерес на сите и која ќе биде препознаена и прифатена од мнозинството граѓани