Јанша до дипломатите: Ако не се прошири ЕУ, ќе се прошири некој друг

0
27

„Ако ЕУ не се прошири, ќе се прошири некој друг“, предупреди Јанша во говорот до словенечките дипломати пред почетокот на шестмесечното словенечко претседавање со ЕУ од 1 јули.

Словенија, која на почетокот на октомври ќе приреди неформален самит ЕУ-Западен Балкане особено важна поради близината на регионот, а проширувањето на ЕУ би требало да биде одговор на стратегиските и безбедносните предизвици на трети актери.

Меѓу нив е и Турција, која на Балканот се обидува да го успори ширењето на ЕУ, истакна Јанша.

Зборувајќи за пандемијата, тој кажа дека ниедна држава не била спремна за тоа и дека како илузорна се покажала глобалистичката идеја дека „она што не можеш да го обезбедиш во својата земја, можеш поевтино да го добиеш на светскиот пазар“.

Јанша оцени дека членките на ЕУ успешно се договориле за сеопфатен економски и финансиски пакет за опоравување на своите економии и општества од пандемијата.

Од друга страна, ќе биде многу потешко да се постигне договор за „зелената транзиција“ во економијата бидејќи структурата на економијата на 27-те членки на ЕУ е различна, а многу ќе зависи и од тоа како Европската комисија ќе успее да се справи со специфичните проблеми на одделни држави, кажа Јанша.