Ќулавкова: Сенките на Злото надвиснале над Македонија, а таа молчи

0
23

Aкo e нешто заедничко, тогаш не припаѓа само на едниот од двајцата. Таквото присвојување е извор на негација на инхерентните и суверени права на Другиот, другото лице на хегемонизмот и шовинизмот. Таквата историска свест е заслепена, пристрасна, примитивна, фрустрирана, конфликтна и опасна, реагира академик Катица Ќулафкова на последните изјави на дел од бугарските политичари и нивни претставници во Европарламентот.

 

„Слоганот ‘Македонија е бугарска’ прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот. Македонската држава и меѓународната заедница, посебно ЕУ, треба да го осудат овој освојувачки политички дискурс без одлагање. Сенките на Злото се надвиснале над Македонија, а таа молчи и трпи во име на апстракции, лажни ветувања и заблуди. Време на големи манипулации, време на нови трагедии. По логиката на Бугарија, ајде т.н. заедничка историја да ја наречеме македонска! Каде води таа логика треба ли експлицитно да се каже?

Споделените места на меморија се духовно и културно наследство на народите, а некои од нив и на човештвото. Ним им се туѓи сите ексклузивни толкувања и присвојувања. Не можете безграничното да го стрпате зад решетките на заробениот ум“, реагира Ќулафкова.