Ќучуков: Дури и Грција успеа да стане пријател на Македонија, а Бугарија е во стапица

0
23

Нема подобрување во македонско – бугарските односи.

Бугарија е во стапица поради блокадата на Северна Македонија, вели  екс бугарскиот заменик-министер за надоворешни работи и поранешен амбасадор во Лондон, Љубомир Ќучуков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во авторски коментар за бугарскиот портал „Епицентар“, Ќучуков наведува дека дури и Грција успеа да стане пријател на Република Северна Македонија, а Франција сега тврди дека ја поддржува Северна Македонија.

Смета дека Бугарија поради блокадата ја изгубила цела предност на земја-членка на ЕУ, и се изолирала како во НАТО и ЕУ, така и на Балканот.

Според Холандија, мали се шансите на 22 месецов земјава да ги почне преговорите.