ЏЕФ БЕЗОС ЌЕ ПАТУВА ВО ВСЕЛЕНАТА СО БРАТ МУ

0
25

Довербата што најбогатиот човек на светот ја има во својата компанија за вселенски летови е на ниво што тој, ем брат му, ќе бидат првите патници на првиот лет со луѓе на Блу ориџин.

На летот ќе има и трет патник, кој ќе биде избран на аукцијата за третото место во ракетата која е во тек. За сега аукцијата е стигната до 2,8 милиони долари.

Летот на Њу шепард ракетата на Блу ориџин треба да се случи на 20 јули, и тоа ќе биде прв пат ракетата да полета со луѓе.

Не само што е невообичаено првиот вселенски лет на ракета со луѓе да има патници кои платиле за карта, туку е крајно невообичаено и најбогатиот човек на светот воопшто да се реши на такво патување и да се качи во ракета.

Пример, пред Ричард Брансон да се качи на ракетата на Вирџин Галактик, таа повеќе пати беше испробана на летови до вселената со тест пилоти и астронаути, а Илон Маск никогаш до сега немал вселенски лет на ракетите на Спејсикс.

Њу шепард до сега има 15 мисии во вселената кои се комплетно успешни.