ЏОНСОН: СОЈУЗОТ МЕЃУ САД И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Е НЕУНИШТИВ ОДНОС

0
23

Сојузот меѓу САД и Велика Британија треба да биде познат како „неуништив однос”, оцени денеска британскиот премиер Борис Џонсон откако првпат имаше официјална средба со американскиот претседател Џо Бајден.

Џонсон за Би-Би-Си изјави дека имал „одлични” разговори со Бајден, кој пристигна во Корнвол на Самитот на Групата седум најразвиени економии во светот (Г7).

Тој изјави дека ги смета односите меѓу двете земји како „неуниптив однос” или „длабока и значајна врска”.

„Тоа е врска што трае многу долго и е важен дел од мирот и просперитетот и во Европа и низ целиот свет”, рече Џонсон.