18 СРПСКИ КРИМИНАЛЦИ УАПСЕНИ ВО РАМКИ НА ГОЛЕМАТА АКЦИЈА НА ФБИ НИЗ ЕВРОПА

0
37

И 18 српски криминалци биле уапсени во рамки на голема акција на ФБИ наречена „Тројански штит“, во која ширум светот приведени беа над 800 луѓе.

Уапсените криминалци во Србија, како што пишува српски Блиц се занимавале со трговија на големи количини на наркотици. Во светските медиуми вчера како бомба одекна информацијата дека ФБИ во изминатите две години преку лажна апликација ја следела секоја комуникација на криминалците кои пак мислеле дека се допишуваат преку криптирана апликација. Во акцијата уапсени се осомничени за трговија со дрога, планирање ликвидации и голем број други тешки криивични дела, а запленети се над 48 милиони долари, дел во готовина, а дел во криптовалути.