45 возачи возеле пребрзо на подрачјето на СВР Тетово

0
47

Денеска во периодот од 09 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 45 возачи, од кои 32 на територија на Тетово, а 13 на територија на Гостивар. 41 возач возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шест за дури над 70 километри на час над дозволената. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, до крајот на овој месец и во јули и август.

СВР Тетово повторно со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно, полицијата и возачите, да придонесеме за посигурни патишта.