И кај Гајре отстранета спомен плочата поставена во чест на Македонските бранители

0
22

Од Одборот на бранители преку писмено соопштение реагираа на остранувањето на спомен плочата кај Гајре, поставено во чест на загинатите припадници на безбедносните сили

Како што истакна претседателот Марин Најдов плочите поставени во чест на загинатите бранители од 2001 година постојано се кршат или острануваат , а надлежните не преземаат доволно мерки

Подолу е целото соопштение од Одборот на бранители

-На ден 05.06.2021 година, во чест на загинатите бранители кај с. Гајре во 2001 година по којзнае кој пат беше поставено спомен обележје. Сквернавење на спомен белезите на загинатите бранители и натаму продолжува. Последен случај е плочата поставена кај с. Гајре. Како што е познато овде загинаа петмина бранители во конфликтот во 2001 година. Одборот на бранители како и на други места и овде постави спомен плоча и по којзнае кој пат на дрзок начин истата е отстранета. Обврска е на органите да ги заштитуваат и чуваат истите. Многу чудно е што досега ништо не е откриено, иако секогаш сме укажувале и апелирал на заштита на спомен белезите. Иако оваа спомен плоча издржа најдолго од поставувањето, сепак вандализмот и врз неа не изостана. Трпението кај бранителите, родителите на загинатите и граѓаните се исцрпува. Ова нека биде последен повик до органите да си ја извршуваат својата службена обврска, да се стават во заштита на спомен обележјата и чувствата на граѓаните.

Марин Најдов- Претседател на Одборот на бранители