Бетонизиран и со што помалку зеленило, градот под Шара за време на топлотниот бран едвај дише

0
21

Бетонизиран и со што помалку зеленило, градот под Шара за време на топлотниот бран едвај дише. Тетовци спасот го бараат на планина или под клима,но има и некои неодложни работи велат, кога мора да излезеш во град и на овие неподносливи температури.

Без циркулација на воздухот поради огромните зданија вжештен бетон и асфалт, во Тетово живата на температурата се повисока. Урбаната џунгла си носи последици, особено за време на топлотните бранови како овој

Низ градот помалку раздвиженост. Внимаваме велат повозрасните, но обврските мора да ги завршиме. На овие температури потребни се дебели сенки, фонтани за разладување, повеќе јавни чешми, кои во Тетово недостасуваат.

Здравствените работници со препораки, нискокалорична исхрана, повеќе течности, светла облека. На ваквите топлотни бранови кои се резултат на климатските промени треба да се навикнеме и да обезбедиме хуман простор за живеење со помалку бетон, а повеќе зеленило.

За време на топлотниот бран и периодов што следи има доволно количини на вода, чија издашност изнесува 400 литри во секунда, велат од ЈКП Тетово.Но, нерационалното користење во овој период од годината додаваат од претпријатието, може да доведе до рестрикци кои никој не ги посакува на температури над 40 степени.

МТВ