Алијанса за Албанците – Оваа глетка е наше секојдневие, купиштата отпад бодат очите не само тука, туку во секој дел од градот

Алијанасата за Албанците преку прес конференција која ја одржаа пред православните гробишта во Тетово реагираа на купиштата смет на оваа локација, но и на многу други диви депонии во градот.

Подолу е целата пресс конференција која ја одржа претседателот на огранокот Музафер Етеми

Почитувани граѓани, Почитувани иселеници. Многу ми е жал што со оваа слика во мојата позадина треба да ви посакам добредојде во градот Тетово, но, оваа глетка е наше секојдневие. Оваа глетка ни ги боде очите и не само тука, туку на секој дел од градот.

Добре дојдовте, но, Тетово ни најмалку се нема променето. Глетките се исти, состојбата е иста, дури и малку полоша од како вие си заминавте. Ние, заедно со вас мораме да ја направиме промената, мораме да го промениме Тетово. Не смееме да дозволиме Тетово да изгледа вака. Затоа, преку оваа прес конференција сакам да апелирам-кога ќе дојде времето на избори, гласајте за најдобрата опција за Тетово, за да го спасиме градот.

Општина Тетово постојано ги менува директорите, но, состојбата останува иста. За чудење е како едно јавно претпријатие кое што собира средства, влегува во долг и ги остава вработените без плата, без осигурување и потоа продолжува по истиот терк.

Јавното претпријатие пред два месеци го смени последниот директор. Ние се надевавме дека ќе има промени, но, промени нема никаде, напротив, отпадоците се насекаде, на секој дел од градот.

Време на одмори е, топли денови, сите ние ја чувствуваме тешката миризба на отпадоците што се распаѓаат, гнијат тука и постои можност од ширење на епидемија.

Затоа, апелирам до сите свесни граѓани, заедно да ја направиме промената што не очекува.

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ
| ПРЕС ЦЕНТАР |