Апелација ја укина пресудата за Ејуп Алими и Исмет Гури во предметот „Титаник 3“

Апелацискиот суд во Скопје денеска преку соопштение објави дека ја укинал пресудата во случајот познат како „Титаник 3“ за уништување на изборен материјал во општината Чаир и го врати предметот на повторно судење. Во овој процес беа осудени Ејуп Алими (член на ДУИ и едно време координатор на пратеничката група на партијата во Собранието) и Исмет Гури, кој во тоа време беше секретар на Општинската изборна комисија Чаир. Седницата на Апелацискиот суд по однос на жалбите не била јавна.

Во соопштението на Апелацискиот суд стои:

„Апелацискиот суд Скопје известува дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-743/20, во јавноста познат како ‘Титаник 3’ , по одржана нејавна седница на 12.07.2021 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите И.Г. од С. и Е.А. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување