Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од се она што денес нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој, изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски.
Тој кажа дека на традиционалната црвена основа се обединети симболите со кои се потенцира 30-годишнината од независноста – Сонцето, уставното име, меѓународниот код „МК“ и бројката „30“.
-Логото ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период. Во рамките на петтиот пакет мерки беа поддржани проекти на индустријата за организирање настани со кои ќе се одбележи 30-годишнината од незавиноста, а коишто ќе можат да се проследат до месец септември, дополни Арсовски.