Во септември ќе има заедничка владина седница на С Македонија и Косово, договорија Груби и Грвала-Шварц

ЕУ останува алтернатива и за Северна Македонија и за регионот и очекуваме Унијата да ги цени достигнувањата во Скопје, рекол првиот вицепремиер на средбата со косовската шефица на дипломатијата
Во првата половина на септември оваа година ќе се одржи заедничка владина седница на Северна Македонија и Косово, договорија првиот вицепремиер, Артан Груби, и косовската вицепремиерка и шефица на дипломатијата, Доника Грвала-Шварц.

Од кабинетот на Груби соопштија дека тие на средбата дискутирале и за актуелната состојба во регионот, соработката и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.