

Интересот за теренската имунизација имаше, но претежно од повозрасните жители.
-Вакцината практично ни дојде дома, велат жителите на Општината Желино кои денес се вакцинираа.
Пунктот беше отворен два часа во утринските часови.
Вакцинацијата се спроведува и во Здравствениот дом Тетово, каде се имунизираа жителите кои треба да ја примат втората доза од Астра Зенека, а за без термин се чекаше ред за Синовак.
-Термините треба да се почитуваат, ако сакаме да ги избегнеме гужвите, изјави Борислав Јоргаќиевски директор на Здравствен дом Тетово.
Вакцини има доволно,а имунизацијата ќе продолжи во Здравствениот дом и во останатите рурални места од тетовско.
Моментално се одвива и ревакцинација во регионалниот пункт во спортската сала на медицинското училиште во Тетово.
МТВ