Градските автобуси во Тетово возат ама само пробно, возачите се стекнуваат со искуство

Помина половина година откако градските автобуси пристигнаа во Тетово се промовираа, но никако овој јавен превоз кој со години го чекаа тетовци не профункционира. Од Јавното претпријатие Градски превоз не можат со сигурност да кажат кога ќе профункционира овој превоз, но според нив постапката е при крај.

Наместо на улица да превезуваат патници, петте градски автобуси на ЈП Градски превоз стојат паркирани во дворот на противпожарната единица Тетово, а повремено возат и низ тетовските улици, но само за да се обучат возачите и да ги запознаат приликите и неприликите со кои што ќе се соочат, кога превозот ќе биде ставен на услуга на граѓаните. А кога ќе стартува превозот директорот Дарко Спировски не кажа, но според него тоа ќе биде наскоро.

„Сега сѐ уште сме во подготвителна фаза. Извршивме обука на дел од возачите на автобусите и повремено ги пуштаме во сообраќај за да можат возачите подобро да се запознаат со условите за возење низ градот. Тоа се пробни возења за стекнување искуство на возачите. Исто така во тек е опремување на канцелариите во спортската сала каде ќе биде сместена дирекцијата на Јавното претпријатие.Кога точно ќе започне да функционира градскиот превоз засега не може со сигурност да се каже бидејќи тоа зависи од многу фактори а има уште технички работи кои треба да се завршат, но тоа би требало да биде набрзо“, вели Дарко Спировски, директор на ЈП „Градски превоз“ од Тетово.

Градските автобуси без промовирани на почетокот од годинава, настан на кој присуствуваа градоначалничката Арифи и министерот за економија Фатмир Бесими. Арифи тогаш кажа дека останува да се завршат некои административни процедури, па потоа ќе започнел да во функционира јавниот превоз. Но ветеното не се оствари, автобусите се уште стојат паркирани и нефункционални.