Драматични снимки од земјотресот на Алјаска, се вклучуваат сирени, луѓето панично бегаат – шести најсилен потрес во историјата на САД

Разорен земјотрес од 8,2 степени според Рихтер, ја погоди Алјаска во 8:15 часот (22:15 по локално време), извести американскиот геолошки завод.

Епицентарот бил на длабочина од 35 километри, 165 километри североистично од Санд Поинт во кое живеат 100 лица, а 800 километри од Енкориџ, најголемиот град на Алјаска.

Американскиот систем за предупредувања за цунами издаде предупредување за пацифичките теротории Гуама и Северните Маријански острови.

https://twitter.com/i/status/1420643728012636163

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи, во делот на крајбрежјето се слушнале сирени кои предупредуваат за опасност од цунами, додека луѓето во колони ги напуштаат домовите.

После главниот, следувале потреси од 6.2, 5.6, 4.7 степени.
Овој потрес е шести најсилен потрес во американската историја.