Истражување на ИРИ: Албон Џемаили Митко Јанчев и Николче Илиев најценетите градоначалници, за кои градоначалници граѓаните дале негативно мислење?

Американскиот институт ИРИ спроведе истражување со фокус групи неопределени гласачи во 18 општини каде се добиени нивните проценки за досегашната работа на градоначалниците. Во ова истражување, градоначалниците се рангирани во три групи според проценките на граѓаните. Во првата група која е оценета позитивно се само тројца градоначалници, Албон Џемаили, градоначалник на општина Боговиње, Митко Јанчев од Кавадарци и Николче Илиев од Кочани.

Огромното мнозинство општини се наведени во втората група и оваа категоризација е направена затоа што градоначалниците имале и позитивни и негативни оценки, од различни фокус групи. Во меѓувреме, во третата група со негативна оценка се наведени градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, Аеродром Златко Марин, Кисела Вода Филип Темелковски, Гази Баба Борис Георгиевски,