Кај децата од Гевгелија е утврдена вирусна инфекција која не е поврзана со Ковид

Кај децата од Гевгелија со симптоми на респираторна инфекција е утврдена обична вирусна инфекција, која нема никаква поврзаност со Ковид -19, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Утврдено е дека ниту едно од педесетте деца немало антитела на ковид-19 и Филипче потврди дека зголемениот број на случаи е резултат на разбудениот имунолошки систем по изолацијата за време на пандемијата.

-Станува збор за вирусна инфекција, тоа што сакавме да потврдиме односно исклучиме е тоа дали има некаква врска со ковид, затоа кај сите деца се направи серолошка анализа на крвта за да се види дали имаат антитела и дали во изминатава година го поминале ковидот асимптоматски. И тоа не е случај. Ниту едно дете нема антитела за прележан ковид и вториот момент кој се испитуваше беѓе зошто сега во толкава бројка и во еден регион. Но, по информацијата дека има зголемена бројка на деца и во болницата во Козле, очигледно дека имуниот систем сега на некој начин проработува поради тоа што подолго време биле изолирани дома и сега децата доаѓаат во контакт со предизивикувачи и на тој начин реагира имуниот систем. Значи нема никаков простор за паника, битно е дека нема никаква врска со ковидот ,со имунитет, реакција, така да е обична вирусна инфекција, рече Филипче.