Милиони луѓе во светот ќе останат без храна

Ќе има голем пораст на цените на храна, а милиони луѓе може да останат без оброци со хранливи материи.

Светската програма за храна на ОН (WFP) излезе со вакво предупредување. Експертите на WFP регистрираа најголемо зголемување на цените на храната на Блискиот Исток.

Во Сирија, просечната цена на маслото за јадење се зголеми за 58 проценти во периодот од март до мај во споредба со претходните три месеци. Во Либан, просечната цена на пченичното брашно порасна за 50 проценти за истиот споредлив период.

Климатските феномени, како што е Ла Нина, временските услови на Тихиот океан со далекусежни ефекти, придонесуваат за зголемување на цените.

„Веќе имаме конфликт, климата и Ковид-19 кои работат заедно за да турнеме повеќе луѓе во глад и сиромаштија. Сега цените на храната се приклучија на смртоносното трио“, изјави денеска главниот економист на WFP, Ариф Хусеин.

Земјите во Африка, како Зимбабве и Мозамбик и во Јужна Америка, како Венецуела, регистрираат пораст на цените на храната.