Пендаровски со многу низок рејтинг на доверба меѓу граѓаните

Според анкетата на СДСМ која ја направи Брима, рејтингот на претседателот Стево Пендаровски е многу низок и изнесува 4.6 отсто. Со тоа тој се наоѓа дури на петтата позиција. Според ова испитување на јавното мислење најголема доверба ужива Зоран Заев, па следат Христијан Мицкоски, Али Ахмети и Зијадин Села.

Според истото истражување од „Брима“ спроведено во јули месец 2020 година, евидентен е растот на довербата кај граѓаните кон претседателот Зоран Заев од 3.1 процентен поен, а раст бележи и рејтингот на СДСМ, што покажува дека довербата од граѓаните постојано се зголемува, заклучуваат од СДСМ.