ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ХАИТИ УБИЕН ВО НЕГОВИОТ ДОМ

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз е убиен откако група неидентификувани лица ја нападнаа неговата приватна резиденција околу 1 часот по полноќ, изјави привремениот премиер Клод Жозеф, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека неговата сопруга Мартин Моиз била хоспитализирана.

Жозеф го осуди убиството, кое тој го нарече „омразен, нехуман и варварски чин“, додавајќи дека националната полиција на Хаити и другите власти ја контролираат ситуацијата во карипската земја.

Убиството се случи доцна во вторникот во услови на продлабочување на политичката и економска нестабилност и зголемено насилство во бандите.