Скопјанец во полициски час отворил казино за 5 кумановци да се коцкаат – полицијата ги фати

СВР Куманово поднесе кривична пријава против фирма од Скопје, В.Т.(52) од Скопје – управител на фирмата, Б.К.(27), Е.А.(29), М.Р.(43), Н.Р.(39), Б.З.(22) и Е.И.(24), сите од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 12.06.2021 во 01:50 часот во казино во Куманово биле затекнати пријавените за време на забрана за движење.