Случајот „Титаник“, што се суди 3 години, почнува од почето

Најобемниот случај на СЈО, „Титаник“ со 21 обвинет за изборни нерегуларности почнува одново. Причина е одлуката на Судски совет да го разреши поротникот Митко Сандев. Случајот почна да се суди во 2018 – та година. По три години судење, изведени докази на обвинителството, 150 сослушани сведоци, „Титаник“ започнува одново поради разрешувањето. „Титаник“ е еден од клучните предмети на расформираното СЈО. Изборни измами, злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања, поткуп при избори и гласање се дел од квалификациите. Меѓу обвинети е и поранешниот партиски врв на ВМРО – ДПМНЕ.

Обвинети во „Титаник“:

Никола Груевски
Миле Јанакиески
Кирил Божиновски
Мартин Протуѓер
Гордана Јанкулоска
Илија Димовски

Разрешувањето на поротникот Митко Сандев, а претходно и на судијата Горан Бошевски, значи и нов старт на судењето за случајот „Талир 1“ кој се однесува на незаконско финансирање на ВМРО – ДПМНЕ. Според тогашното СЈО, во партиската каса на ВМРО – ДПМНЕ биле уплатени над 4,5 милиони евра, преку уплатници на партиски активисти иако лицата наведени во уплатниците не ги уплаќале парите лично. Поради „Талир“, судот го замрзна имотот на ВМРО – ДПМНЕ во 2018 – та година, белиот дворец плус 68 други недвижнини. Обвинети беа шест лица. Досега на судењето кое е на самиот почеток, се сослушаа 20 сведоци и се изведеоа околу 2 илјади од уплатниците преку кои се уплаќале средставата.

Обвинети во „Талир 1“:

Никола Груевски
Кирил Божиновски
Миле Јанакиески
Илија Димовски
Леко Ристовски

Третиот предмет кој се урива со разрешувањето на поротникот Митко Сандев е „Тендери“. Случајот се однесува за злоупотреби со тендерот за изградба на музејот на ВМРО. Вчера во Кривичниот суд беше закажен завршен збор за овој предмет. Но судењето се одложи оти една од обвинетите имала стомачен вирус. И ова судење кое започна пред три години и дојде до самиот крај, сега ќе почне одново. Обинети се поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска и уште две лица. Од почеток ќе започне и случајот за кинеските автопати поради разрешувањето на судијата Горан Бошевски.

За ваквиот неочекуван исход на главните судски процеси иницирани од СЈО,а кои по неколку години требаше да завршат со пресуда, а сега се враќаат на почеток од Кривичниот суд само кусо информираат дека Судот прави распределба на предметите каде бил судија Бошевски а за одлуката на Судскиот совет за разрешувањето на поротникот Митко Сандев, сѐ уште не се известени.

АЛСАТМ