Тетовската полиција одзеде возила од „диви“ тркачи

Полициски службеници од СВР Тетово по претходно добиени информации дека на автопатот Скопје-Тетово, односно од бензинска пумпа на автопатот до влез на Тетово кај клучка север, ќе бидат организирани диви трки со возила, ноќеска после полноќ затекнале 14 патнички возила со тетовски и странски регистарски таблици, кои биле привремено задржани во Полициска станица во Тетово.

Во текот на денешниот ден возилата биле упатени на вонреден технички преглед, при што кај шест од нив биле констатирани технички неисправности, од кои 2 биле за поголема бучавост од дозволеното и биле конфискувани во траење од 3 месеци.

Сите неисправни возила веднаш биле исклучени од сообраќај, а против нивните возачи се поднесени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со казна од 400 евра во денарска противвредност.

СВР Тетово апелира до граѓаните, односно по младата генерација, дека организирање на диви трки со возила е ризично и опасно за нив и другите учесници во сообраќајот и дека секое постапување спротивно од законот ќе биде соодветно санкционирано.