Четворица тетовци се сомнителни дека имаат африкански сој на коронавирусот. Министерот Филипче потенцира дека од МАНУ вршат секвенционирање дали се заразени со овој сој на вирус.
Нови сомнителни случаи на Делта сојот нема, досега во Македонија се потврдени десет случаи со индиската делта варијанта на коронавирусот. На инфективната клиника засега се лекуваат десет пациенти кои се заразени со алфа или британскиот сој на вирусот. Нема пациенти со другите соеви.
Велика Британија каде што делта варијанта е доминатна досега зарази 190 илјади луѓе. 120 починале поголемиот број се над 50 години, двајца вакцинирани починале кои биле повозрасни. Доктор Јадрнака Видак која во Лонодн работи како цитопатолог, како здравствен работник објаснува дека сепак вакцината е клучна. Скоро и да нема случаи со примена вакцина кои завршиле во болница, тоа се многу мали проценти. Најчесто заразени се младите кои не се вакцинирани. Според симптомите делта сојот почнува со главоболка, течење на носот, а според досегашните истражувања тој е од 50 до 60 проценти позаразен, се уште се истражува неговата агресивност кај болничките пациенти.
Според инфектолозите пандемијата во иднина ќе донесе како нов начин на живот се редовните контроли и систематски прегледи, бидејќи ковидот на виделна ги изнесе и заболувањата кои најчесто младит не знаеле дека ги имаат.