Американец на натпреварот на Денот на независноста изеде 76 сендвичи

0
14

Кралот на хот-договите, Џозеф Џои Чеснат во неделата го надмина сопствениот рекорд изедувајќи 76 лепчиња со хреновки за десет минути на традиционално годишно Нејтаново натпреварување во јадење на популарните американски сендвичи хот-дог.

Ова е веќе 14-та победа на ова натпреварување за Чеснат, а овој 37-годишник го надина својот минатогодишен рекорд јадејќи два хот-дога повеќе. Организаторите потврдија дека неговиот потфат од 4-ти јули, кога САД ја славата својата независност од Велика Британија, го соборил светскиот рекорд.

Во неделата зад Чеснат се пласирале Џефри Еспер со 50 и Ник Вери за 44 изедени или проголтани хребовки и векнички.

Во женската конкуренција победи 37-годишната учителка Мишел Леско од Аризона, којашто изела 30 и „три четвртини“ хот-догови. Сара Родригез била втора со 24 сендивич, а Ларел Мари Мил со 18 и „три четвртини“.

Меѓутоа, резултатот на Леско е далеку под женскиот светски рекорд кој минатата година го постави Мики Судо со 48 и „половина“ изедени хот-дога за 10 минути. Седумкратната и актуелната шампионка во женска конкуренција Мики Судо е бремена и не се пријави на годинешниот натпревара.

Бизарното натпреварување „Nathan’s Hot Dog Eating Contest“ на Кони Ајленд се одржува од 1972 година и со него се одбележува Денот на независноста.