Брнабиќ: Вучиќ не се двоумеше „да ја стави главата во торба“ кога му објави војна на Беливук

0
102

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ не се двоумел кога при објавување на војна на кланот на Вељко Беливук „во торба ги ставил“ главите на своето семејство, соработници, како и својата, пренесе Бета.рс.

На прес-конференција во Белград, Брнабиќ оцени дека српската опозиција е „толку без идеи“ што нејзини извори за информации се лидерите на криминалниот клан, Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кои се обвинети за најтешки кривични дела.

„Мислам дека граѓаните гледаат кој лаже и кој е во право, кој можеби има поврзаност со организиран криминал и кој бил соработник и најдобар пријател кои денеска се апсат заради меѓународна корупција, а кој заработи стотици и стотици милиони евра додека беше на власт“, рекла премиерката.

„Додека тие владееја со Србија, не можеа да ги гонат убијците на Славко Ќурувија и Милан Пантиќ. Дарко Шариќ беше активен, а не позади решетки. Кога беше убиен премиерот Зоран Ѓинѓиќ, сите докази кои би можеле да водат до тоа што се случивало, беа отстранети. Така изгледаше борбата против криминалот во нивно време“, нагласи таа.