ВИДЕО – Одбележана 20 годишнината од загинувањето на полицаецот Цоки Стојановски

0
15

Одбележана 20 годишнината од загинувањето на полицаецот Цоки Стојановски, кој за време на воениот конфликт загина при извршен напад на полициски пункт во Тетово. Две децении неговото семејство преку разни настани, изградба на бисти му оддава почит, државата велат неговите блиски сосема ги заборавила бранителите.

Полицаецот Цоки Стојановски кога беше најтешко не ја заборави татковината. И со прострелна рана продолжи да војува, бранејќи го Тетово, се до кобниот кога на пунктот згасна неговиот живот на 28 години, оставајќи за себе сопруга е две дечиња, низ солзи низ раскажа неговиот татко, крај спомен бистата поставено од неговото семејство во дворот на сообраќајната полиција, каде две децении неговите најблиски, здруженија и организации, оддават почит и се сеќаваат на македонскиот бранител.

Од Одборот на бранители, велат дека крајно време е државата да им се оддолжи на бранители, без нив земјата одамна ќе беше поделена.

Годинава се одбележаа повеќе настани по повод 20 годишнината од загинувањето на македонските бранители за време на воениот конфликт во 2001 година, но голем дел од спомен плочите поставени во нивна чест, беа вандализирани и остранети.