Вирусот во Грција беснее има скоро 1.800 нови заразени за 24 часа – наложени се строги мерки

0
20

Растe бројот на заразени во Грција, при што за 24 часа има 1.797 случаи на коронавирус и осум починати. 1.026 се регистрирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а осум се регистрирани на влезните точки во земјата. За разлика од минатата недела, зголемен е бројот и на направени тестови, вкупно 66.464 од кои 50.808 се рапид тестови, а останатите ПЦР.

168 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, јави дописничката на МИА од Атина. Негативен тест од вчера е задолжителен за невакцинираните лица, кои сакаат да патуваат на грчките острови.

Од 8 јули сите угостителски објекти во Грција, како што се баровите, кафулињата, местата за забава и слично, ќе работат само за гости кои седат на маса, а за прекршување на мерките предвидени се строги казни и затворања на објектите, соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.