ВМРО-ДПМНЕ нема да ја менува Резолуцијата

0
18

ВМРО-ДПМНЕ останува на Резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија таква каква што е  бидејки се работи концепт зад кој, за прв пат, политичките партии може да најдат минимум простор за заеднички позиции Ова е заклучокот на синоќешниот Извршен Комитет на партијата на Мицкоски откако вчера СДСМ преку Заев ја повлече поддршката за документот и побара во него задолжително да се вметне името Северна Македонија.

Од опозициската партија велат дека СДСМ бара изговори да не ја прифати Резулицијата, но тоа ги ослабува позициите на Македонија во какви било идни разговори со Бугарија.

„Не би сакале да веруваме дека зад одлуката на СДСМ стои оставање на простор за пазарење со националните и државните интереси од највисок интерес, идентитетот, јазикот и националната засебност на македонскиот народ…ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати една одлично структуирана Резолуција, зад која стои авторитетот на највисоките образовни и научни институции, да стане предмет на партиски калкулации и пазарења“, вели Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

За СДСМ пак, не прифатливо е и користењето на назнаката С. Македонија, која ВМРО-ДПМНЕ ја има ставено кога ја  достави Резолиуцијата во парламентот до спикерот Џафери. Социјалдемократите ја обвинуваат опозцијата за лажен патриотизам.

Колку и да не им се допаѓа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, одредбите на македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно. Македонските државни позиции се силни и јасни, но ќе бидат уште посилни ако ВМРО-ДПМНЕ го прифати Договорот од Преспа како реалноста, реалност која овозможи Северна Македонија да стане полноправна членка на НАТО Алијансата со меѓународно потврдени македонски јазик и македонски идентитет“, велат од партијата на заев.

Од кабиентот на Џафери и денеска нема одговор дали Резолуцијата е стигната до него и дали е уредно поднесена, како и кога би била ставена на седница.

Во Резолуцијата се содржат 8 точки кои ја обврзуваат Владата во преговорите со Бугарија да ги почитува јазикот и историјата врз основа на фактите што ги утврдила македонската и светската наука.