ВМРО-ДПМНЕ повторно ја испрати интерпелацијата за Џафери без „Северна“

0
18

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ му испрати одговор на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со комплетно истата форма на интерпелацијата за него, односно повторно без додавката „Северна“, бидејќи смета дека собранискиот спикер неосновано им ја вратил.

Џафери ја врати повикувајќи се на членот 136 од Деловникот, односно некористењето на уставното име, а координаторот на пратеничката група на најголемата опозициска партија, Никола Мицевски, вели дека тоа е неосновано.

ВМРО -ДПМНЕ, поддржана од Левица, поднесе интерпелација против Џафери бидејќи противуставно се обрати на албански јазик во Европскиот парламент, и покрај тоа што службен јазик за меѓународна употреба е македонскиот