Возило излета од патот кај Ржаничино, почина возачот

0
14

Денеска околу 04.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино – с.Таор, патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(32) од Скопје, излетало од патот, информираат од МВР.

Возачот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.