Воз полн со деца падна во река во Австрија, 17 повредени

0
18

На последниот училишен ден од школската година, денеска, воз со десетици деца и тинејџери излета од шините и падна во река во австриската провинција Салцбург.

Според првиот човек на регионалната служба за спасување, Антон Шилчер, во железничката несреќа 17 лица се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случила во близина на Кендлбрук. Вагон од регионалниот воз излета од шините и прелета околу четири метри преку насипот на реката, за странично да запре во Мура, јави ОРФ.

Шилчер додаде, дека на шините, по невремето во тој регион, имало корења или нешто слично.