Во Белград откриен западнонилскиот вирус кој го пренесуваат комарци, еве кога убодот е ризичен

0
41

За време на анализата на состојбата со комарците во Белград, лабораторијата на Секторот за екологија и подобрување на животната средина на ЈКП „Градска чистоша“ го открила западнонилскиот вирус.

Оттаму ги предупредуваат граѓаните да се однесуваат одговорно, да користат средства за отстранување комарци и мрежи за заштита, како и да избегнуваат да остануваат надвор за време на најголемата активност на овие инсекти, од 19 часот до полноќ, кога тимовите исто така вршат активности за сузбивање на комарците.

Стручните лица со предупредување внимателно да се следи секој убод од комарец, со цел да се види да не настане алергиска реакција или можеби некаков вид на вирус.

За време на хранењето од човековата кожа, женскиот комарец инјектира плунка која содржи разни протеини кои ја спречуваат  коагулацијата на крвта што може да биде опасно. Многу од протеините можат да предизвикаат имунолошки реакции, вклучувајќи и алергиски реакции.

Лекарите апелираат доколку по убод од комарец се појават симптоми како вртоглавица и мачнина, отоци на усната шуплина и грлото, зголемена телесна температура, осип по целотот или поголем дел од телото или главобока задолжително да се јавите на лекар каде соодветно ќе биде третирана алергиската реакција или евентуалниот вирус.