Во регионалната депонија Русино се уште се трупа смет без контрола, отпадните води завршуваат низ околните ниви, а сметот повремено и гори

0
25
Регионалната депонија Русино се уште работи без стандарди, иако според најавите на Министерството за животна средина санацијата на локацијата требаше да започне од почетокот на годинава. Од Невладината Стоп Русино најавуваат блокади и протести ако не се исполнат минумум еколошки услови, од Центарот за полошки плански регион пак најавуваат исполнување на ветено во септември.

 

Во регионалната депонија Русино се уште се трупа смет без контрола, отпадните води завршуваат низ околните ниви, а сметот повремено и гори. Проблемите требаше да се надминат со интервентните мерки за санација на Русино кои се ставени на хартија, но не се реализирани.Еколошките организации најавуваат повторно блокади и протести, ако во текот на летово не се исполни ветеното.

Од Центарот за полошки плански регион, велат дека целиот процес се одолжил поради корона кризата, лошите временски услови во зимскиот период, како и доцнењето на уплатата на основачкиот влог од полошките општини наменет за јавното претпријатие Русино Полог. Најавуваат целосна реализација на интервентните мерки наредниот месец, а од септември и започнување со работа на Русино Полог, кое ќе треба да управува со депонија, што е дел од првата фаза за стандардизирање на истата

Според интегрираниот пристап за управувањето со отпад во полошко, Русино ќе биде регионална депонија во наредните 5 години, а потоа треба да се избере нова соодветна локација за оваа намена.

МТВ