Во САД измерени 54,4 степени Целзиусови

0
21

Во делови на САД во Калифорнија измерени неверојатни 54,4 степени Целзиусови, топлотниот бран предизвика многу пожари, а водата испарува пред да го допре дното.

Во Лас Вегас во саботата се измерени 47,2 степени со што е израмнет досегашниот рекорд.

Пеколните температури предизвикаа неколку пожари низ САД. Пожарникарите кои се борат со огнената стихија велат дека воздухот е толку сув, што водата која се испушта од авионите канадери за да го гаси огнот испарува уште пред да падне на земјата.

Пеколниот бран веќе трет дена во низа предизвикува температурни рекорди. Вчера во пустинската Долина на смртта во Калифорнија се измерени 54 степени Целзиусови, пренесе Ројтерс.

Температурата пред Фурнас Крик центарот покажала 56,6 степени во вчера околу 16 часот по локални време, додека Националната метеоролошка служба на САД измерила 54,4 степени во саботата.