Голема полициска акција во Скопје:12 уапсени за оружје и дрога, меѓу нив и полицаец

0
20

Дванаесет лица меѓу нив и еден полицаец се уапсени утринава.

Полициската акција е реализирана утринава во скопската населба населба Сингелиќ и уште неколку други локации. Акцијата била реализирана во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција а мета на биле трговци со оружје и дрога.

Од МВР потврдија дека акцијата е спроведена но детални информации засега не се споделуваат. Според неофицијални информации уапсените се веќе на распит. Тие подолго време тргувале со дрога и оружје. Денеска по наредба од судот, извршени се претреси во нивните домови и други простории на вкупно 20 локации, а се трага по уште три лица кои биле дел од групата.

При лишувањето од слобода и при извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени наркотична дрога, муниција, два пиштоли, патнички моторни возила, од кои едно блиндирано, поголема сума на девизни и денарски парични средства, мобилни телефони, компјутерска опрема.

Инаку во операцијата под име Планина која беше спроведена во март годинава беа уапсени над 20 лица, едната група од Гази Баба а другата од Грчец. Но таа акција, како што тогаш соопшти обвинителката Вилма Русковска, била пробиена па шест наркобоса избегаа а местата каде што ја чувале дрогата биле расчистени и при претресите полицијата не пронајде значителни количини, ниту пак ги најде луксузните автомобили што ги користеле наркобосовите од Грчец.