Гостиварка паднал од балкон, жителка на Хрватска во Гостивар нападнала полицаец, во Тетово нападнати малолетници со метален предмет

0
18

Вчера во 18.00 часот во Полициска станица Тетово Б.Ѓ.(40) од Тетово пријавил дека околу 00.50 часот на улица „Борис Кидрич“ неговиот малолетен син и уште шест негови другари биле физички нападнати од едно лице кое при нападот користело и метален предмет. Се работи на расчистување на случајот.

Околу 01.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека Е.Р. (35) од Гостивар, додека простирала алишта на балконот, изгубила контрола и паднала на бетонската подлога пред зградата. Таа била пренесена во Ургентно одделение во Медицински центар Гостивар каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

На улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ја лишиле од слобода Е.Ш.(23) од Република Хрватска затоа што физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Таа била приведена во полициска станица Гостивар и по целосно документирање нас лучајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 23.20 часот, полициските службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода лицата Д.И. (32) и Х.М. (39) двајцата од Гостивар, затоа што кај нив бил пронајден хероин. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Во СВР Тетово било пријавено дека во 06.25 часот на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на село Жеровјане, настанал пожар на мотоцикл „бмв“ со швајцарска национална ознака, управувано од И.Ќ.(29) од село Челопек. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единаца Тетово, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.