Груби – Охридскиот договор треба да се имплементира секојдневно и доживотно

0
15

Охридскиот договор треба да се имплементира секојдневно и доживотно, кажа вицепремиерот Артан Груби на панел дискусијата која се одбележа по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од Рамковниот договор

Вицепремиерот Артан Груби посочи дека Охридскиот рамковен договор веќе поминал низ законодавниот дом, останува овој важен дел од уставот да го имплементираат останатите институциите, процес кој според него ќе трае вечно.

-Нормативниот дел е усвоен од собранието а имплементирањето е секојдневно и доживотно, посочи Груби.

Со Охридскиот договор добивме преобразба на нашето општесто,никој не изгуби напротив сите добивме.

-Тетовскиот Универзитет е успешна приказна од Охридскиот рамковен договор и затоа е дел од оваа прослава. Ги покануваме сие граѓани и институции посебно тие кои произлегуваат од Охридскиот договор да ја прослават дваесетгодишнината од договорот кој покажа дека никој не изгубил туку напротив сите добиле, всушност донесе мир и ни се отвори европскиот пат, дополни Груби.

Панел дискусијата се одржа на Тетовскиот Универзитет институција која заедно со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците го органиизираа денешниот настан.

mms