ГРУЕВСКИ ОТВОРИ ФИРМА ЗА ПРОДАЖБА НА ПОРЦЕЛАН, СТАКЛЕНИ ПРОИЗВОДИ И ПРОИЗВОДИ ЗА ЧИСТЕЊЕ: Ја регистрирал на 15. јули во Унгарија

0
13

Поранешниот премиер Никола Груевски, отворил сопствен бизнис со керамика во Унгарија, пишува денеска унгарскиот портал 24.ху. Според наводите на медиумот, неговата компанија ИЦИЦ Кфт, е регистрирана во Пецел, предградие на Будимпешта на 15. јули и тој е директор и основач на компанијата.

-Нејзина главна активност е бизнис менаџмент и бизнис консалтинг, но фирмата се занимава и со продажба на големо на порцелан, стаклени производи и производи за чистење. Иако се знае дека Груевски живее во Унгарија, тој ја дал скопската адреса како седиште, а адвокатот Каталин Хорнјик е регистриран како овластен правен застапник, пишува порталот.

Освен информацијата за новоотворената фирма на Груевски, унгарскиот портал прави ретроспектива на професионалниот ангажман на екс-премиерот Груевски напоменувајќи дека тој работел во Балканска Банка, Македонската берза, соработката со унгарски Матав, дека бил министер за финасии и дека негов проект е кампањата „Купувајте македонски производи“.