Два автобуса изгореа во пожар во Кавадарци

0
20

Два автобуса изгореа во пожар рано утрово на плац во Кавадарци, потврдија за МИА од кавадаречката Територијална противпожарна единица.

На терен интервениравме со четири возила и шест пожарникари. Спречивме огнот да се прошири на останатите автобуси кои беа на плацот и на околниот објект, нагласија од противпожарната единица.