Дебранец со комбе излетал од пат, починал на самото место

0
27

На Скопската обиколница, кај клучка „Смилковци“, рано утрово се случила сообраќајна незгода во која комбе со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(52) од Дебар, излетало од патот, а возачот починал на местото на незгодата.

Смрт констатирал лекар, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.